Денот кога решив да го изменам односот, ја слушнав мајка му на Дино како разговара со пријателка ѝ по телефон и се договара да ѝ помине на гости наредното претпладне.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Едната, на која ѝ пцовисало кучето, постојано плачела, па еден ден нејзината пријателка ѝ рекла: - Што плачеш толку!
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Кита! Кита! Кита ти си? - викаше тетка Олга помеѓу испреплетените пискоти на мајка ми во кои таа збунето и возбудено повторуваше, - Олга, Олга ти си?
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Единствените пријателки ѝ биле златните рипки кои умееле да зборуваат, но само ноќе, кога на небото изгревала бела, сребрена, огромна месечина.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)