пријател (имн.) - мој (прид.)

Татко ми замислено погледна во редот книги од библиотеката кои се однесуваа на балканските империи, па возвишено, небаре заборавајќи на прашањето од Чанга, продолжи: – Ние луѓето, пријателе мој Чанга, ти имавме со козите, со домашните животни од дамни времиња еден заеднички сон.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Но, пријателе мој - продолжи Чапаев - да се разбереме, вие секогаш ќе ја имате мојата целосна поддршка и доверба, но треба да знаете дека, врз вашето судење, овде, ќе демнат од сите страни.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„А сега види, пријателе мој. Од Советот за алкохол имам овластување да не му давам на муштеријата да пие ако сметам дека испил многу.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Непреболен. Се надевам тој ден ќе пееш пријателе мој.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Нуне Волта, алијас Волкашин Нуневски од с. Варош, прилепско, пријателот мој, го беше разработил „Пакс-верс-методот“ на 340 страници со рака изнапишани, поделени на седум глави, со нужни објасненија и упатства како таа теорија да се применува.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Оваа намера ќе ги зачуди намуртените читатели и филозофи; можеби, и вие ќе ја сметате намерата за делумно чудна почитувајќи ја старата поговорка: Науката е светлина, неукоста е мрак.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но, кој е учен, пријатели мои?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Доцна е, предоцна за тоа пријателу мој, јас твоја сум, за тебе се венчав, в година ...невеста сум!
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И така, пријателе мој, испаѓа дека Турците се ослободиле, од својот турско-арапско-персиски јазик, а ние на Балканот останавме негови заложници, да не речам заробеници.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но што се постигна со револуцијата на знаците? се вмеша Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко трпеливо го слушаше, но во еден момент, повеќе во шега отколку како забелешка на излагањето на Камилски, рече: Ќе те прашам, пријателе мој, право да ми кажеш: кој ти е најслаткиот, најмил јазик?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И што е најзначајно, пријателе мој балкански, да, токму пред вечната Сорбона, во која се роди и победи сколастиката, дека само со дијалектичкото разбирање на историјата на педагогот и на детето ќе му бидат неопходно потребни социјални услови во новото општество...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски беше изненаден од ова прашање: чуму му е на учен човек како Татко ова наивно прашање.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Убаво и точно речено, пријателе мој, ова би било примирје, па траен мир на многу јазици во нашиот Балканвавилон и во Европа, светот: Надеж постои!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пријатели мои, покерот не се учи! Тој е во вас. Страст човечка!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На пример, кога требаше да се рече ох, ох, мајко моја, ох, пријателе мој, ох живот, ох птици ох водо, ох доме, ох, ох, ох, - тоа значеше некој, ох, некој одзади да ви удрил нож. Ох, нож.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А синот на Пајко рече: „Пријатели мои, и јас имав една умисла и редно е да ви ја кажам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Игор Лозински благо го погледна Татка, покажувајќи во изразот дека има разбирање во неговата размисла, макар што таа водеше кон друг тек, па продолжи погледнувајќи и кон својот соработник Цветан Горски: - Но, мене пријатели мои, друга мака ме мачи, кога се во прашање јагулите и нивниот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Секој сакаше да се надоврзе на мислата на Игора, но тој веднаш продолжи: - Човекот, пријатели мои, на овие простори, на ова Езеро кое е божји дар, ќе ја докажува својата величина, својата мерка за човечност - само во однос на чистотата, долговечноста на Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И вас ве открив, пријатели мои, крај ова Езеро. Си ги поврзавме судбините.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Игор Лозински, откако пивна од чајот, изрази задоволство, продолжи: - Вие знаете, пријатели мои, јас овде стасав од големи далнини, од крајот на руската земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Езерово, пријатели мои, - продолжи Игор Лозински - води потекло уште од терцијарното доба.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Игор Лозински, беше јасно дека запаѓаше во нова меланхолична тирада која требаше да го води уште еднаш до вистината кон која ги упатуваше и оддалечуваше своите собеседници, пријатели: - Насетувам, веќе ви реков пријатели мои, дека немам уште многу живот за да го следам текот на овие води, судбината на овие јагули на големиот пат кон океанот и да го дочекам нивното враќање, - рече тивко Игор Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И како што видовте пријатели мои, јагулите стасаа и до кобното сталинско време.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко, сѐ уште не беше начисто каде целеше Игор Лозински, дури и кога тој продолжи: - Јагулата, пријателе мој, е вистинскиот симбол на жртвувањето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тркалата го удираат, гризат, плукаат неподвижното тело на Џ.С. ја отфрла маската со трњето и струпките: - Жена сум што бара искреност и нежност - мазно-Дојдете, пријатели мои.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
ТЕОДОС: Не ти се гледа арно, пријателе мој!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПАНКО: Аферим, чорбаџи Теодосе! Аферим, ти велам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Да не се брза (полека пријателу мој).
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Пријателе мој, зар те губам зашто те љубам, зашто те љубам?
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)