Подоцна, кога публиката веќе не правеше разлики меѓу редимејдите и другите уметнички продукти наменети за продажба; односно тогаш кога успеја да ја амортизира бунтовничката сила на Duchamp-овите идеи, тој самиот веќе не ја гледаше целта на ваквото противуметничко дејствување, и ја напушти својата антиуметничка стратегија, вџашен од сето она што се беше случило.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)