Проектот претставува прв обид врз основа на оригинална архивска документација од Public Record Office и Liddel Hart Centre for Military Archives King`s College London, да се претстави активноста на британските воени мисии во Македонија т.е. во еден континуитет да се следи активноста на планерите на СОЕ во однос на нивната политика спрема Балканот и Македонија и испраќањето на британски воени мисии во Македонија и нивната секојдневна активност со што се дополнува сликата за учеството на македонскиот народ во Втората светска бојна и неговата борба за независна и самостојна македонска држава. __________________
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)