Главна цел на проектов (пак повторувам: во неговата техно-варијанта, бидејќи текстот првобитно и не беше замислен како хипер-текст) е што пошироко да ги искористи можностите на овој нов медиј - хипертекстуалноста, всушност да ги „размрда” сфаќањата за тоа што воопшто значи медиј и палимпсест, бидејќи во случајов станува збор за еден мултимедиски палимпсест (расказ, предавање, епистоларна исповед, мала илустрирана енциклопедија, стрип, филм - овој проект едновремено е сето тоа, без да биде заробен во оклопот на било која од наброените форми).
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)