И така од „слика” во „слика” влегувате во еден ист простор кој доживува морбидна трансформација, сѐ до онаа слика во која стојат расфрлани работите на Даниел.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Како што леталото завлегува во зоната на ноќта распослана над Атлантикот, низ прозорецот допира сѐ поскудна светлина, како некој надвор брзо да го свртува реостатот од светлосниот парк на дневната светлина, па океанот добива на таинственост и несфатлива длабочина, а на небото се појавуваат првите ѕвезди.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Преку отворениот прозорец допираат звуците на еден обичаен, радосен делник.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)