Еко застанат до прозорецот продолжи да раскажува: „Гледате, на платото кај што е сега мотелот биле селски гробишта и многу стара црква, дополу вкопана в земја, како црквата Свети Спас, лево растела разгранета круша горница.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Незабележан од никого, добро засолнет крај отворениот прозорец продолжив да ја следам глетката, не можејќи да се помрднам од место.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Пред Змејковиот прозорец продолжува игралито да потреперуваат и да се колебаат дали да паднат на земјата, или пак да се вивнат нагоре, божем одбирајќи го местото за своето слетување, тие немирни водушести снежинки, што надоаѓаа озгора во роеви-роеви и носеа сонливост и чмаење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)