Му завидував на смиреноста со која не можев никогаш да се здобијам, да го одржам спокојниот чекор, ритамот на минливоста, небаре презабрзан во некое друго време, да престигнам друго непознато време...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Памтам, како не памтам. Многу топли чорапи. До пролет ги носев.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Раната медитеранска пролет ги покажуваше првите знаци.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Раната пролет ги подлажа дрвјата, ги распупи, ги расцути, а некој задоцнет снег на зимата се натрупа на нив, им ги стежна гранките, им ги наведна до земјата. Жална глетка: снег и цут.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Освен во времето на војната, додека го служеше воениот рок, кога годишните времиња и сиот ред на нештата преминаа во безредие, животот имаше определена шема, исто како и времето, годишните времиња беа јасно одвоени како посебни паноа на ѕидни слики, свежите и нежни денови на есента им претходеа на влажните и ветровити денови на зимата; освежителните денови на пролетта ги пресретнуваа запурничавите и неподносливи денови на летото.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)