Исход е на три големи настани: на рекапитализацијата на внатрешниот дел од градот и на последователната гентрификација на градските маала; на епидемијата на ХИВ/сида и на изумувањето на интернетот.
За да се согледа природата на промената и на нејзините решавачки, далекосежни ефекти, треба да се присетиме на околностите во кои се појавила геј-културата во годините што непосредно им претходеа на тие три големи настани.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Покрај промените во одредбите што се однесуваат на паричниот надоместок, усвојувањето на ЗВОСН донесе промени и во поглед на засновањето работен однос, помошта што ја обезбедува Заводот за вработување при професионалната ориентација, обврските на невработените лица, водењето евиденција за невработените лица и составот на Управниот одбор на Заводот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Нејсе, не мораше да покажува разни вештини за луѓето да се тргаат од неговиот мегдан: чаршијата и така брзо разбра за неговата промена и претпазливо го разлабави менгемето.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
На лицето да му дари ведрина, да ја сокрие очигледната промена и барем за миг да се врати на „онаа Јана“.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А згора на тоа листот не ѝ го донесе којгоде туку лично другарот Ѓорѓи Смокот, оној поединец кој според своето умеење, иако по наредби што доаѓаа од повисоките фактори, воведуваше дузини и дузини промени и правила на однесување во нашиот нов живот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Романизираните староседелците (Тракијци, Илири, Македонци, елински племиња и Келти) во добар дел биле доминирани од Словените, а биле извршени коренити промени и во топонимијата на Балканот.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)