Странките и оштетениот ќе се известат секогаш, кога и на кое место ќе се испита сведокот, односно ќе се изврши увидот или реконструкцијата со задолжително присуство на странките на тие дејствија (чл. 390, ст.3 од ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Одговорно лице во правно лице кое свесно не се придржува кон закон, друг пропис или ко- лективен договор за мерките за заштита при работата, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
10. Во главата која носи наслов Кривични дела против општата сигурност на луѓето и имотот, постои казнена одредба со наслов „Предизвикување опасност при градежни работи“ која гласи: Одоворно лице кое при проектирање, раководење или изведување на некаква градба или градежни работи ќе постапи спротивно на прописите или на општопризнатите технички правила и со тоа предизвика опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери – ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Инспекторот е должен, во текот на траењето и по престанокот на неговата функција, да ги чува како службена тајна сите податоци што ги дознал при вршењето на надзорот, кои со пропис или со општ акт на работодавецот се утврдени како државна, воена, службена или деловна тајна, податоците за работникот кој ја поднел пријавата за сторените повреди на прописите, како и податокот дека надзорот се презема и врши врз основа на пријава.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Против решението на судот со кое се усвојува предлогот на странката не е дозволена жалба (чл. 164, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
7. Како мала дигресија, не е на одмет да споменеме дека во посебниот дел на нашиот КЗ (1996), во главата насловена како „Кривични дела против работните односи“ се вели: Тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата, работно време, одморот или отсуството, заштитата на жената, младината и инвалидите или за забрана на прекувремената или ноќната работа и со тоа повреди, одземе или ограничи право што на работникот му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. 205
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Инспекторот е должен да го земе во постапка секое барање на работникот заради остварување, односно заштита на правата од работниот однос и заштита при работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Барањето работникот може да го поднесе писмено или да го изјави усмено пред инспекторот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако ова дело го стори правно лице, ќе се казни со парична казна (чл. 166, КЗ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)