простор (имн.) - помеѓу (предл.)

Постои простор помеѓу нив во кој се протегаат некои нови концепти, кои И го обединуваат И го раздвојуваат парот, но кои не можат еден на друг да се редуцираат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Концептите се изразуваат со зборови што се јавуваат во оригиналниот текст, но тие добиваат целосно ново значење.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во следното ниво, сега обата члена на парот се на рамна нога, треба да се испита самата подлога за дистинкцијата помеѓу p И не-p, И да се покаже дека таа е лажна антитеза.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сè повеќе се уверувам дека сум заробен во просторот помеѓу гревот и стравот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Низ удолницата водеа двете остри врвови на веѓите кои се спушта надолу нагло, како стрели, но пред да се спуштат се искривува, горе на својот друг крај, набирајки се задолжително, на купче, една до друга, за да ги создадат двете црти на празниот простор помеѓу нив.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Верувам дека Дишановото творештво навистина е единствено кое може во потполност да задоволи а и да не биде навистина видено.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Она што мина низ просторот помеѓу Марселовите уши значеше дека слепиот може да биде сликар кога ќе посака.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Останувам само неколку мига во сината самотија на брегот во потрага по простор помеѓу брановите кои нико­гаш не се стигнуваат еден со друг.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Разговараме долго додека тој обилно се поти и ми раскажува сѐ за неговиот живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
1.30 Одат Primal Scream и “Loaded” и јас се губам во одекнувањето. Се ширам, горам, пламнувам во просторот помеѓу дисторзијата и ударите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А всушност приоѓам кон прозорецот на една од собите од мојата куќа што гледаат на задната страна на некоја станбена зграда, каде што просторот помеѓу тротоарот од мојата куќа и тротоарот од зградата е зараснат од диви тревје.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа во основа е една темна материја, честички на оние душевни сензации што се простираат и движат во огромниот простор помеѓу тагата и очајот; тоа се честички што се јавуваат во улога на невидливи оски околу кои времето на творечката индивидуа ја прави својата голема револуција, постојано кружејќи од детството до денес и од денес до детството.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
По смирувањето на Хелените, Александар во 335-та тргнал на север за да ги смири Трибалите кои живееле на просторот помеѓу реките Јужна и Западна Морава-Искар и Дунав (Истеос) на север.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во просторот помеѓу куќите и рекичката што брзала ослободена од мраз и со поинаква боја заради надојдената снеговица, гласот како да не значел ништо зашто сѐ што ќе се кажело тоа истото веќе некој го мислел, не еден туку повеќето, ако не и сите околу запрегите. Во такви часови и тагата онемувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- По домаќиниве ќе плиснеме само вода за среќен пат. Никој, разбирате, солза да не пушти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Споменикот со импозантни димензии и остар, предупредувачки облик што манифестира стремеж за моќ и доминација, каков што пред илјадници години го гледал митскиот Мојсеј во Рамзесовиот Египет, во оваа реалност, пресоздаден е на еден трет континент симболично поставен на просторот помеѓу три западни буржоаски идеала: Независноста, Уставноста и Праламентаризмот претставен во зградата на Конгресот поставена меѓу нив, на Капитол хил.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Отла рече: „Сега побрзај, додека има вода.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Коритата ги ставија на средината од просторот помеѓу двата реда кревети, а казаните покрај коритата. Потоа излегоа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Всушност, тоа беше почетната фаза за средување на просторот помеѓу зградите во станбената населба.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Оттаму маргиналноста станува начин за развивање сопствен идентитет, начин да се стане едно а не само друго на едното: „(...) просторот помеѓу нештата е простор во кој нештата се растураат, простор настрана и наоколу којшто е простор на субверзија и распаѓање, рабовите на лимитите на секој идентитет.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Накусо, тоа е простор на ограничување и поништување на идентитетите кои го конституираат.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Понекогаш тоа може да е прашање на избор (пр. дисидентот, бунтовникот).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
“73 Овој меѓупростор, простор помеѓу ни овозможува да ги доведеме во прашање бинаризмите и дуализмите (фалоцентризмот, етноцентризмот, евроцентризмот), таа структура на ригидни поларни опозиции, кои се заемно исклучиви и заемно се исцрпуваат (A и –A).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)