професор (имн.) - бев (гл.)

Но, она што навистина го изненади стариот професор беше не тоа дека кучето со поглед секогаш го следеше кога тој пребаруваше по библиотеката, туку тоа што кога седна во фотелјата и ја отвори големата книга на скутот пред себе, кучето скокна со двете нозе на фотелјата од зад него и се вникна доближувајќи му ја главата и допирајќи го со влакната на својата глава некаде по вратот како едно време покојната жена кога попатно му ѕиркаше во четивото, а што него благо го обеспокојуваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Без предрасуди, без традиција, вкупно, комплет и професори и ученици, бевме некаде околу триесетина, професорите беа одлични, Мазев, Кондовски, Маневски...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)