Еднаш, во едноумието, кога личната карта не само што се покажуваше кога се пријавуваше во хотел туку таа и преспиваше во портирницата за цело време од вашиот престој, на едно студиско патување од Пула до Битола, професорот толку свикнал да си ја вади личната карта при промената на хотелите, што тоа по инерција му се случило и дома кога се вратил од пат.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)