Во еден миг хаос. На ќилимот во дневната се истура тенџерчето ориз и варен морков, зрната влегуваат во процепите во подот, а оние собраните не сакаат да се одвојат од прстите ни кога ги тресеш.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Кога ја затера петтата и кога го углави трупецот да оди право, она што се случуваше со денот надвор можеше веќе да биде многу добро забележано и во движењето на таа челична плоча по нејзиниот процеп во буковината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)