Ако немаа амбиции да бидат во политиката и мудро се држеа на дистанца од Партијата, ако си ја гледаа работата и не заглавеа во некои од монтираните процеси или ако не беа жртви на семожните денунцијации и подметнувања, ако не им се откриеше некој од вешто скриените златници за најцрните денови, ако си го гледаа семејството, можеа мирно да ги поминат тешките времиња, дури и да се здобијат со углед во новите институции.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Затоа таквата логика и го бараше објаснението на процесот или на движењето на природата, општеството и на самото човечко познание во една причина однадвор, го гледаше само механичкото дејство на стварите, идеите, тенденциите на општеството, природата, науката, уметноста, политиката итн. и тоа една врз друга, една по друга, но не и една од друга, не нивната раздвоеност и целокупност, туку само раздвоеноста, само идентичноста.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Второ, за адаптација на простор се предвидува исплата на 30 просечни плати со можност за повторно користење на средствата доколку тоа го налагаат промените во техничко-технолошкиот процес или видот и степенот на инвалидност на лицето.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)