Затоа другите и не се вратиле со покајнички наведнати глави да побараат прошка или без збор да ѝ се приклучат на дружината, збрчкани колку што биле покојните Дмитар-Пејко и Неделко Шијак и помирени со можноста да налетаат на преостри димискии или да се најдат под копитата на разиграни коњи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го сфатиле ненадејно новото правило на играта: бегалците живеат подолго од тврдоглавите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ако едноставно го свртеше лицето кон нејзината страна на креветот, или ако се обидеше под покривката со раката или со ногата да го почувствува нејзиното присуство, ќе дознаеше дали таа беше на креветот, но тој не го стори тоа зашто ако таа беше таму и ако беше будна, ќе може да исконструира дека тоа е знак на прошка или за негова потреба од неа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Се начека - слушнавме и тројцата, но тоа не беше обраќање што бара прошка или нуди објаснување туку во него како да беше натрупано еден посебен вид самосожалување; обраќањето навистина потсетуваше на џгура од надеж што пред да прегори можеби и била добар јаглен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)