Јован се затресе целиот. Раката се подаде и двата прста ги фатија обете сламки, но тој не оптегна веднаш да ја извлече едната.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Ама ако ја извлечам покусата?“ Страшно го штрекна главата, а нозете почнаа да му се тресат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Еднаш една сестра беше видела како ги мириса, или, попрво, како минува врз нив како да го испитува нивниот мирис, и како потоа кај малиот прст ги спојува благо закривените дланки, свртени угоре, за потоа да ги спојува и раздвојува, како да отвора некаква голема, мека овошка, или како нешто да раздвојува со лачни движења. 58 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Нејзината рака беше во неговата, сместена во неговата дланка, а нејзините танки прсти ги зграпчуваа и ги притискаа неговите прсти.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
За само еден миг, сето она за што цел ден размислуваше, запишувајќи го со цврсто убедување дека е плод на неговото длабоко спознание на нештата, му стана сосема бесмислено.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Со прстите ги притисна издадените очни јаболка и слепоочниците кои му ја затегнаа тенката кожа на лицето.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Старецот жалосно ја наведна главата; додека со прсти ги размачкуваше капките по подот, чудно шмркаше и ги криеше од мене очите.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Не ја забележуваше нивната суровост, се клештеше нешто сам за себе и со немирните прсти ги вртеше копчињата на модрото, износено палто.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- А не кажуваш зошто! Не кажуваш...! - плескаше со рацете Јана - Или не знаеше дека некогаш, а можеби и сега во некои делови на земјата прстите ги заменуваат зборовите?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Нечии прсти ги стегнаа моите прсти. Знаев дека тоа е Паулина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Знаев дека на нејзиното лице и во тој миг трепери онаа насмевка која некои од слепите луѓе ја имаат постојано, дури и кога се свиваат пред ужасот и смртниот страв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Клепкам и не им верувам на очите: за железата се држат некои прсти, некои црни прсти. Прстите ги гледам, а човек не гледам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)