Среќко: Ма тој не е ни за кур. (Кон Дики) Туку, ти малечок да не го играше оној сликарот... (Прстот го става на слепоочница) Како се викаше?... Да, Тулуз Лотрек.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Уште вечерва ќе му дам отказ! 134 okno.mk Грета: Ох, па тој мора да е некое воспитано момче.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
И право да ви кажам, си ја замислив како гордо го преметнува појасот преку голишавото рамо, додека прстот го става на софистицираната рачка за брисачите, внимателно отстранувајќи ја утринската роса од шофершајбната.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Со прстите го пипкаше јазолот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Нејзините раце со бели прсти го сечеа воздухот и цртаа некакви чудни шари.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Неразбирливо беше зошто со два прста го врти перчето на својата безбојна и ретка коса под која се гледаше светкаво теме.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Реномираниот писател за деца тврди дека таа со загрижените прсти го прегрнала ракописот со последните песни.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Повремено со прстите го поткревав чаршафот неколку педи над мојата глава, и гледав во белото платнено небо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Идниот ден нѐ напикаа во товарен воз, и започна нашето патување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тој, пак, секогаш стоеше до Ружди и внимателно набљудуваше како сечилото се лизга нагоре-надолу додека тој со елегантни движења на долгите прсти го вртеше по малку од едната и од другата страна.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Еднаш, божем посегајќи по Орбит мастики, украдов кондом од трафиката, го навлеков на показалецот, и потоа прстот го бутав во презреано јапонско јаболко, замислувајќи какво е чувството да влезеш во нешто толку мирисно, слузаво и меко како што велат дека е во жена.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Потона до гуша. Само со врвот на прстите го допираше дното.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
За да ја опушти состојбата, Ѓорѓе на кого секогаш му стоеше „змијата во џебот“, овојпат порача вино, а во менито прстот го стави на мешаната скара.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Долгиот оној што личи на штрк, минува крај него и со два кренати прсти го поздравува. - Хело, Џо! - Хело, бој!
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Оттаму се спушти сè до Жепа и го определи местото каде што ќе се наоѓа скелето за превоз на каменот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Неколку денови едноподруго зачудените вишеградци го гледаа градителот, наведнат и побелен, но црвен и младолик во лицето, како го обиколува големиот камен мост, го дроби, меѓу прстите го крши и со јазикот го испробува малтерот и составките, и како со чекори ги премерува окната.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тоа жулкање на прстите го чувствуваше како милување на својата жена и сакаше да трае што подолго.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Масивното, строго лице и четирите прсти го исполнуваа целото негово видно поле.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дури потоа сетив дека и натаму со прстите го стискам памукчето за бришење на шминката и ги слушнав одново брановите од езерото како шлапкаат под куќата долу.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Од утре ќе ја забравам вратата, ќе ги спуштам ролетните, ќе ги исклучам телевизорот, фрижидерот, машината за перење, ќе ги изгорам фотографиите, писмата и сите останати продукти на хуманизираната носталгија, ќе се соблечам и... ...во мракот, во молкот, ги начулам ушите, пуштам да ми се провлече 'ржењето низ грлото, нечујно газам по тепихот од трева, бршлен, од мравки и изгниени коски на жртвите, ги насетувам, од другата страна на решетките, преплашените контури на полуќелавите, бледи чиновници, го одбирам најмалиот, најизгубениот, веќе му го распознавам лицето што со мазохистички грч се ѕвери во мене, со побелените прсти го стиска работ од канцелариската маса, врз која лежи расфрлена хартија, избраздена со црвен фломастер, немарно се испружувам, токму до неговата нога, загризувам силно, под платното на пантолоните, под епидермот, но не дозволувајќи му на сечивото на забот да оди подлабоку, заплачува додека со јазикот нежно минувам по ранетото место, сѐ уште воздивнувајќи од болка го зграпчува црвениот фломастер, нервозно зачкрипува по хартијата... волшебниот лет на шарената топка или повеќезначност на современиот театар ...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Сфатив дека имаат дојдено до вистината на ист начин како што постапував кога пребарував еднаш одамна што останало по преградите на паричникот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Го испипуваат. Па добро, ако бев навистина таму, (иако не бев сигурен каде точно се наоѓа тоа таму), бев сè уште и жив и здрав, моите прсти го утврдија тоа откако самоинцијативно ја сторија потрагата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Ристо на Дамовци од Крчишта загина. Погребан е под една бука на Аљавица.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Нејзиното око не погледна на друг маж откако Крсто си замина за Америка и ниту на еден маж таа не му дозволи да го допре нејзиното тело.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Дува во шепата, а откако го издувува чекласот, со растреперени прсти го чисти глотежот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Молчејќи, исполнет со својата и туѓата болка, Пандо се наведнува над Крстовица, ја фаќа под мишки и полека ја подига. Таа не се противи.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Ами каде тоа пред тебе, човеку? - Ајде, ајде, тргнувај.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Самиот страшливец и понижувачки услужлив, беше секогаш преполн со желба да ги измачува другите, да се чувствува како ловџија што гони и пука во беспомошно животно.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Сама! Сама, меѓу толку луѓе кои споделуваат иста судбина.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не моли: туку наредува со шепот и со растреперени прсти го бара неговото тело.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Јане се загледа во неговите дебели и свиткани веѓи, а тој, лекарот, го одвива завојот, се загледа во посекотината, со прстите го допре натеченото место од бутот и почувствува нешто тврдо. Многузначно климна со глава.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)