За да го докажеме тоа, не е потребно да се избере некоја суспенз-сцена; „хичкоковскиот” стил ќе се препознае дури и во сцена со разговор меѓу две личности, едноставно по драмскиот квалитет на кадрирањето, по вистински единствениот начин да ги раздели погледите, да ги поедностави движењата, да воведе тишина во текот на дијалогот, по вештината да создаде чувство меѓу публиката дека една од двете личности доминира над другата (или дека е заљубена во другата, или љубоморна на другата), да сугерира, надвор од дијалогот, точна драмска атмосфера, и најпосле, по уметноста да нè води од една кон друга емоција, според својата сопствена интуиција.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Барем нема да бидеш оцрнет од страна на публиката дека си ја шитнал утакмицата туку си бил достоен играч кој успешно му парирал на противникот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Даскалот Милан Ацев, како раководител на училиштето, одржа говор и ја предупреди публиката дека сите „артисти што ќе се појават сега на сцената" се ученици од училиштето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Значи треба да ѝ речам на публиката дека ова што го видоа вечерва, не важи.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А толку време изгубивме за да го опишеме ова што ќе се случи!“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)