Меѓу нив се и оние гемиџии коишто, поврзувајќи го своето дело со своите млади животи, и сметајќи дека немаат право да ја надживеат својата акција и своите невини жртви, свесно и бунтовно се исправиле пред непријателските пушки или се самоубиле.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Цело време весело се насмевнуваше, особено по некој пукот од пушка или по далечна граната.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мојот крокодил личеше на вистински крокодил и не можеше да ја затвори големата уста, За да го стори тоа му пречеше големата гранка испречена помеѓу двете заблести вилици.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Во филозофијата, или религијата, или етиката, или политиката, два и два можеле да прават пет, но при дизајнирањето на пушка или на авион тие морале да прават четири.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Да нацртам пушка или голем топ и да го убијам чудовиштето со триста и неколку заби.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Како што секоја трагедија се претвора во фарса, така и сите бивши југо-симболи се претворија во својата спротивност: Титовата штафета (симболот на братството и единството) во братоубиствена палка, пушка или нож - оружје со кое претставниците на југо-народот се требат еден со друг.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)