Ни алишча барам, ни работа барам шо не може да работе алишча имам од Стоанка, ќе има шо да носе, а дал господ и сермиичка, сама да си потправуа по нешчо.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- А можеби имаш право, оваа работа бара коњска енергија. - Јас ти реков: бадијала седам, бадијала не работам.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Затоа човекот и во работата бара и си создава другари, и во радоста му се потребни другари, зашто заедничкото радување е она вистинското радување.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)