работа (имн.) - бев (гл.)

Во оваа радио станица, во која имаше сѐ на сѐ околу 15-тина вработени – според систематизацијата на работните места тој, барем формално, ја извршуваше функцијата монтажер на звук, иако пропратно беше распределуван и на други работни задачи – првенствено како новинар и водител на снимени емисии, прилози и реклами, како и програма во живо.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Материјалните и просторни услови за работа беа сосем коректни  – иако, гледано од техничко-технолошки аспект, би можело да најдеме и одредени недоследности на опремата со која тогаш располагаше ЈРДП Радио „Велес“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено работата беше главниот ’рбет на нејзиниот живот, ’рбет врз кој се држеше сето друго меко ткиво.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тука работите беа јасни. Остануваше мал простор за тактизирање.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Горе, крај главниот пат, некој човек по име Шабан Мемедовски, или Шане Менедовски, луѓето не беа сигурни за името, бизнисмен, што се вели, добил дозвола од некого од власта да направи рибник. Работата беше била напредната.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се сеќавам дека деновите пред да замине за Маказар, со работата бев стасала до проблемот на сакрализација и десакрализација на политичките водачи, тоа добро го паметам оти долго потоа тапкав во место, целосно бев дезорганизирана, како и секогаш кога го испраќав на пат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Подоцна видов дека она што беше објавено во весникот по содржина соодветствуваше на листовите пишувани на рака, само што во дописот работите беа кажувани накрупно, без поединостите што ги имаше во подврзаните листови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На Ристето Куков, му го зеде детето за момоче до Ѓурѓовден за лира и половина; од Дана Дрманче — една бочва од 1200 оки; Пуцето го пазари за вршење и орање; така сите ги сместија расфрланите пари и коџабашијата точно на ручек му ги донесе на Арслана.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сиромасите кршија прсти каде да најдат по лира, но работата беше сериозна, та ниеден чорбаџија не врати никого да не му позајми, оти знаеше, ако не му даде на заем, ќе треба сам да ја плаќа оваа лира да не го дочека најлошото за својата куќа и семејството.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога работата беше завршена, филмот и фотографиите му беа вратени на испраќачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Првата моја работа беше во една фабрика за конзерви, правевме конзерви.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ваквата новација значеше бришење на дотогашната законска забрана за полова дискриминација во делот на остварувањето на правото на работа каде се нормираше дека и жените и мажите можат да бараат од работодавачот продолжување на договорот за вработување до навршување на 65 години старост; в) Кај прописите за заштита при работата беа воведени две нови обврски за работникот и тоа: ● со измената на чл. 32, освен дотогашната обврска на работникот да ги почитува и спроведува прописите за заштита при работа, како и да го штити неговиот живот и здравје, како и здравјето и животот на другите лица, беше воведена нова обврска, која нормира дека обврска на секој работник е да постапува согласно обуките и „инструкциите“ кои му се дадени од работодавачот, да биде запознаен со мерките за безбедност и здравје при работа и да биде обучен за нивна примена.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ама работата беше и поинаква...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Всушност работата беше проста. Тој едноставно не сакаше да има среќа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сепак сега, на неколку часа од гласањето, работата беше врвка.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе, ова беше слоганот на Феријалниот сојуз на Југославија. Работата беше проста.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Подоцна, навистина, доаѓаше жената, поплакувајќи се дека мажот бил пијан и поради тоа евтино се пазарил; но обично беше доволно да се додадат десет копејки и работата беше завршена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако, пак, работата беше особено тешка, тогаш тој имаше обичај дури и воопшто да не ги завршува речениците, така што мошне често, започнувајќи со зборовите: „Тоа е, навистина, сосема онака...“ – а понатаму веќе немаше воопшто ништо, зашто и самиот тој забораваше, мислејќи дека кажал сѐ што било потребно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Другата работа беше во куќата на една деведесетгодишна старица во инвалидска количка, која се фалеше дека секој од своите последни триесет родендени го славела со нов магионичар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На последниот настап веќе не можеше да ја потисне вознемирувачката мисла дека нешто ѝ се случило.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И точно сред лето работата беше завршена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На крајот од глетката, под лакот, се гледаше едно парче од сината Дрина, а длабоко под него гргореше запенетата и скротена Жепа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе го одвикнеш ли пијаницата - и тој е готов, се свиткува. Слична работа беше и со Аритон Јаковлески.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, талентот. Ужасна работа беше ти бил талентот, се колнам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Со него работата беше уште полоша затоа што и на самите часови по карактеристика се однесуваше сосема незаинтересирано.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Томето на работа беше вредна, услужлива и ефективна.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ја напуштав Казба со забрзани чекори низ долгиот коридор, крај шефот на дипломатскиот протокол. И самиот не можев да разберам зошто толку брзо чекорев кога сета работа беше свршена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Работата беше во тоа што и на двете судења, тројцата признаа дека на тој датум се наоѓале на територијата на Евразија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Единствената сигурна работа беше дека смртта никогаш не доаѓа во очекуваниот момент.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тука беа армиите од евидентичари, чија работа беше едноставно да составуваат списоци на книгите и на периодичниците што требаше да бидат повлечени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Претходно, овие работи беа под надлежност на Агенцијата за приватизација, која со измените на овој закон од 2003 и 2004 година, престана да постои на 31 март 2005 година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Прекршочната постапка, пред прекршочниот орган, ја води Комисијата за одлучување по прекршок (т.н. Прекршочна комисија) – чие формирање и работа беше регулирано со новиот чл. 266-б (чл. 11, ЗИДЗРО/дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Работата беше друга. Тој требаше да појде во училиштето пред Неда, за да може тој да ја дочека, а не таа него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Некои денови работата беше прекрасна зашто си надвор, а воздухот е свеж и студен.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Трчавме кој побрзо ќе стигне. Цела работа беше да ја фатиме сенката.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дури сега, откако работата беше готова, го сврте погледот кон него.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Работите беа такви за какви ќе се покажат и докажат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сите работи беа готови, благото, ручекот, и тоа сè со вештата рака на Пелагија, а Перса мораше да се седи скраја и да ја стишува силната река љубопитни прашања од Пела зошто се прави сето тоа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)