работа (имн.) - може (гл.)

— А бре, мудур ефенди, овој работа можел ли со пари да се плати?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но друг излез немаше и тој тргаа во зората со Тодора; вечерта благополучно стигна во Битола, врвејќи низ синџири аскер по Маково.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ѓорче се скамени наместо кога прецени дека една таква ситна работа можеше да го издаде, и не мрдна од местото дури Толе со големо задоволство не му ја „искастри“ брадата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Страшно е само да ги одминуваме работите кои се случуваат насекаде околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Многу работи можат да се променат на подобро, почнувајќи со една добра мисла и секогаш гласно да кажеме што сакаме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тие предизвикуваат љубопитност кај терапевтот и кај клиентите, за алтернативните модуси на постоење. Тоа не е било каква љубопитност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа е љубопитност за тоа како работите можат да бидат поинакви, љубопитност за тоа што се наоѓа зад тотализирачките приказни на индивидуата за животот, и надвор од доминантните индивидуални и интерперсонални практики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како помлад бев екстремно живчан, а пак денес малце работи можат да ме извадат од такт: не ме дрма ниту светската криза, ниту тоа што сум во долгови, ниту што цркна трансмишнот на мојот "форд", ниту кофимејкерот што експлодира и ни ја полеа цела кујна со ситно мелено колумбиско кафе... ама оваа глупава опаска од такт ме извади!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Потоа, занемарувајќи го мојот бес, продолжи: „Оттука понатаму, целата таа работа може да се реконструира, но не врз многу сигурни извори.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
СТОЈАН: (Тргнува од виното).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: Бидува, да го поведам. Само, малечко е. Што работа може да фати?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Во клетиот капитализам, експлоатираниот работник по напорната работа може да си купи softy gun, и ко некој кретен да прави балони.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Кај сега неважечкиот ЗРО од 1993 година, во чл. 23, сезонските работи можеа да траат најдолго девет месеци во текот на една година, што во споредба со актуелното законско решение значи намалување на временскиот период; е) до промени дојде и кај договорот за вработување со скратено време (и кај повеќе работодавачи) со што нејасниот и конфузен назив на овие договори беше променет со новиот трудово - правен институт договор за вработување со неполно работно време.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во оваа болест, од денеска до утре работите можат да тргнат на добро, и обратно.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Исти вакви работи може да се кажат за геј-мажите и за бродвејските мјузикли.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие што најдоа каква таква работа можеа да сметат дека ќе обезбедат и дрва, ама повеќето стигнаа само до канцелариите на Трудот за да ги предадат своите работни картони.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој веруваше дека работата може да го излекува лудилото, или барем да помогне во излекувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
3. Со татко ми две работи можат да се случат: или бргу ќе оздрави или ќе ја презими зимата в постела: сѐ што приготвува најубаво јадење мајка ми, нему му носи: пилешко месо, недоварени јајца, сутлијаш, пита, мед.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)