"Сметај дека ништо не се случило... ако работата остане само на тоа", во доверба ми рече вујко ми Герман, со што по долго размислување, се согласив.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Некои работи останаа некажани, секој нека суди по свое. Романот го посветувам на сите што научиле како се сака....!
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
- Зашто некои работи остануваат запаметени и за по смртта, рече Дуко Вендија, и зашто староста го расчинува човекот и затоа никој не ја сака, рече и зеде варена пченица од жените коишто раздаваа за душа. За испустената душа од Велика Мегленоска.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)