Но, сега гледам, работите стојат поинаку, бидејќи вредностите кои ги држеше тој пред себе како црковни табли, всушност ги доживуваше како товар што насилно му е натоварен, а за неговите кошули и за огнот в куќа и во нас, и уште за сандаците за замрзнување на кои им скапуваше газерот, за разглавените капаци на клозетските шолји, за штекерите без жица за вземјување, за цевките ф-15 за одвод на водата од машината за перење и бигорисаните цевки за довод на топлата вода, за недоволниот притисок на водата во бањата и преголемиот притисок во неговите уши, за лековите за детето што не можеа да се најдат на рецепт, а можеа да се најдат еди каде, на другиот крај од градот,
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но и покрај тоа работата стои така и затоа, бидејќи нема метајазик и бидејќи човекот поради тоа секогаш работи и мисли во природен јазик, затоа е, значи, невозможна апсолутната формализација и артифицијализација на јазикот.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Со словата и сочиненијата работите стојат така: штом ги препишеш, им ја губиш душата и душа поинаква тие добиваат.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)