Македонската интелигенција секогаш кога е надвор од своите официјални работи треба да зборува меѓу себе на централното македонско наречје /велешко-прилепско-битолско-охридско/, кое ќе треба да се воведе во сите религиозни и национални пропагандни и турски училишта како задолжителен предмет.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
За секоја важна работа треба ферман, царски.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој, кога ќе сакаше да каже дека за секоја работа треба да имаш љубов, ќе изјавеше: „Зорле лозје не се копа“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Но добро, сепак работите треба да си останат во кругот на нивното релативно значење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Секоја работа треба да ја размислиш добро, секоја последица има своја причина – мирно му објаснуваше старецот, седнувајќи.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Мама и по толку години се смее.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Па и за смеење е. Затоа не ѝ се лутам. Иако тоа сепак ме навредува.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Права е баба кога вели дека многу работи треба да се запокријат.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Пред одлучувањето за главната работа судот одлучува дали е потребно да се дополни постапката, како и за други претходни прашања.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако при решавањето за главната работа треба да се одлучи за повеќе барања, ќе се гласа за секое барање одделно (чл. 124, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)