работа (имн.) - ги (зам.)

Во Каиро падна во несвест заради заврзаните црева, испуканите чиреви во стомакот и запалувањето на стомачната марамица, а бидејќи болницата беше преполна, внесоа кревет во заедничкиот клозет, за еден грчки хирург да ја усере целата работа и му го зашие своето заборавено шише виски; па тогаш на реденка го исфукаа арапските болничари, а една сестра украла пеницилин, па затоа му даде инекција карбол; потоа доби трипер во газот, па еден замислен англиски доктор го клистираше со врела сулфурна киселина, а некој германски практичар на Технолошка Медицина му го извадил слепото црево со рѓосан отворач за конзерви и ножици за лим (за него теоријата за бактериите беше „чиста бесмислица“). okno.mk | Margina #11-12 [1994] 23
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Неуспесите во работата ги следеа неверојатните несреќи во приватниот живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За таа работа ги собраа селаните од сите мариовски села и небарем срни бркаат, почна претресувањето на густите борови гори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, веќе како врвен дизајнер во Фонт Биро, одговорен за дизајнирање и редизајнирање на фонтовите за списанија како Rolling Stone, Business Week и Martha Stewart’s Living - фонтови кои се наменети за подолготрајна употреба - има изострено чувство за тоа што е соодветно. Frere-Jones е критичен кон оние дизајнери кои не се осмелуваат да го објават сопствениот труд, како и кон оние коишто се обидуваат да остават впечаток, а работите ги објавуваат недовршени со што стандардите на фонт-дизајнерството ги враќаат наназад.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Облеката им ја раздадов на бегалците, поубавите работи ги изедоа молци.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сите нечисти работи ги извршуваат политичките.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Значи јас, за жал, секогаш работите ги правам наопаку, сите почнуваат од најдолу, јас почнувам од најгоре.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ворхол исто така и во својата ликовна работа ги подржуваше типичните грешки на медиумот (расипувањето како креација).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Бидејќи творецот е одвоен од делото, тој не се ни обидува да ги поправи грешките што медиумот сам ги прави.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
СЛУГАТА: Јас и твоите работи ги приготвив. Еве ги!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Нејзиниот календар всушност и беше астрономски: работите ги мереше во термини како ’еони’ и ’вечност’.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Театарскиот свет, исто така, е пренаселен со луѓе кои работите ги вршат со позајмени идентитети.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Само што наместо кастата на политичари, пет - шест олигархиски семејства и високите службеници во државните институции, работите ги контролираат генералот Стојан и гардата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Бреза обично таквите работи ги обожава, но тогаш се заинати и рече: - Не сакам да ти помогнам!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таквите луѓе зборуваат двосмислено, нивните принципи не се јасни, работите ги гледаат од едната и од другата страна, се додека не се уверат едното.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ете, тоа е таа моја вечна несреќа: Ништо посебно не се случува а јас сепак работите ги доживувам како зголемени непријатни слики и тоа не само некогаш, туку постојано, и таквите глетки од утро до мрак ме потресуваат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Впрочем, го познавав јас неговото дишење и воопшто не ми беше потребна онаа направа, компас против лагата, за да узнаам што точно мисли дури и тогаш кога работите ги кажуваше скржаво и задскриено.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А притоа, да признаам, како да не верувам дека нешто слично му се случува и на некој друг.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Лагата е како кртот. Не може а да не си го покаже негде патот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)