Работата ја забавуваше тоа што истовремено готвев, заради Симона, зашто знаев дека тој со години земал да јаде само она што ќе му дојде под рака.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Професорката, од непознати причини, ми се воодушевуваше. Можеби монотонијата на нејзината работа ја радуваше било што поинакво да наслушне.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Општеше само со рацете, а својата работа ја засака како ниеднаш дотогаш. Тука го запозна и него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Санде целата работа, со дозвола на Никола, му ја препуштил, со полномошно, на некој негов пријател Турчин, кој, меѓутоа, работата ја свршил така што чифлиците не се продале, туку успеал да ги препише на свое име и да ги присвои.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ми се чинеше дека онака бледа, пеплосана, не ќе може да го стори тоа; но како што минуваа деновите, работата ја исполнуваше Луција и полека крвта ѝ се врати, образите ѝ се заруменија, погледот ѝ се избистри а модрите полумесечини под очите исчезнаа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)