„Во прво време ќе го чистиш дуќанот, во летните денови ќе го прскаш сокакот пред дуќанот и ќе го метеш, ќе носиш вода од блиската Капан-чешма, ќе носиш разни работи дома, за ручек ќе донесуваш јадење од дома.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И дали си придонела за распаѓањето на твоето гнездо со тоа што си летала како ластовица од работа дома и обратно, а секогаш во клунот си носела црви за пилците и за боксерот мочко (вечниот победник во мечевите во рингот без јажиња).
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Во друг кадар мажот телефонира од работа дома: од неговото лице се избришани сите траги на навредената измаченост: тој е насмеан, опуштен, сигурен (не трча секој час во WC).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Аксиом на самореализација попатно ѝ е прилепен на работата дома: човек нешто значи само ако е во бизнисот. Немате активност, немате идентитет.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Види: Клисаровски, Петровски – цит. статија. 19 на привремено отсутен работник може да се склучи сè до враќањето на привремено отсутниот работник (чл. 4, ЗРО/авг. 08). в) Во врска со вршењето работа дома, воведено во 2003 (чл. 3, ЗИДЗРО/апр.03) – со носењето на ЗРО (2005) дојде до две помали промени: рокот, во кој работодавецот е должен да му достави примерок од договорот за работа на надлежниот инспектор на трудот, е намален од осум на три дена од денот на склучувањето на договорот; а, покрај ова, е прецизирано дека работодавачот е должен, и во овој случај, да обезбеди безбедни услови за заштита при работа дома (чл. 50, ЗРО/05). 6.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Некој пат ќе одел на пазар, тики ако му се најдеа повечко пари, два-три дни не си идел ни во најсилната работа дома.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
И Марија, која секогаш кога ќе се вратеше од работа дома, ја тераше да се мие.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)