Петкана Милевска навистина го засака ќатипчето. Износи „ластикени" чевли, „грчка" шамија; изеде со оки локуми, шеќери, портокали и други „залажачки", та дури дојде работата дотаму, да преспа месеци со него, бидејќи ќатипчето го напушти станот во конакот и се пресели кај чорбаџи Младена Милевски, „да не пречит на мудурот во конакот".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)