Тој не зеде никаков удел во матните работи кога се случуваа немилосрдните и користољубиви конфискации и национализации коишто одеа до бесмисленост, кога неговите колеги се вселуваа во куќите на богатите присвојувајќи ја покуќнината и сѐ што ќе стигнеа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Несреќата е потценета работа кога им се случува на другите. Среќата, изгледа, исто така.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Но, и кај мене, како и кај познатиот австриски учен, постојано се случуваат непредвидени работи кога ќе треба да се инсценира некоја моја пиеса.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)