Поради сите тие причини, а најглавно затоа што Македонците за своето ослободување од грчкиот патрик и од Турција до последната руско-турска војна работеа заедно со Бугарите под името Бугари, а местата за таа борба беа околу Бугарија, т.е. во Стамбул, Влашко, Југозападна Русија и Србија, кои (места) помагаа во ослободителната работа најмногу да бидат застапени Бугарите, – помогнаа да се објави источното бугарско наречје за литературен јазик на Бугарите и Македонците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Така, согласно овој закон правното лице може да врши исплата на следните надоместоци: • регрес за годишен одмор (К 15) најмногу во висина на просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за периодот февруари- април 1992 година; • отпремнина при заминување во пензија најмногу во висина на трикратен износ од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за истиот период; 9. Просечна исплатена нето плата по работник за месец ноември 2009 година според Државниот завод за статистика. 184 • исхрана на работниците во текот на работата најмногу во висина од 25% од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за истиот период; • дневници за службени патувања во Републиката во висина од 8% од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за истиот период; • дневници за службени патувања во странство во висина на износот утврден со Уредбата која се однесува за органите на управата и • надоместок на трошоците за користење сопствен автомобил за службени цели во висина до 25% од цената на литар гориво за соодветното возило по поминат километар (чл. 6 и 7, ЗИПДНД/92).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)