Сега се предвиде обврска за работодавачот и работникот своерачно да го напишат името, презимето, датумот и местото на престанувањето на работниот однос и своерачно да се потпишат, а доколку спогодбата не содржи некој од овие елементи, ќе се смета за ништовна (чл. 11 од ЗИДЗРО/фев.13); б) исто така, се прошири правото на работодавачот да го раскине договорот за вработување поради причини за отказ поврзани за однесувањето на работникот од веќе претходно постоечките две (лична причина на страна на работникот и деловни причини) на три и тоа поради 39 кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски (причина за вина) (чл. 12 од ЗИДЗРО/фев.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)