Петнаесет години подоцна, при носењето на новиот ЗРО (2005), одредбата која предвидуваше дека работник на кој му престанал работниот однос поради деловни причини, има право на приоритет при вработувањето кај работодавецот, доколку овој има потреба од работник со иста стручна подготовка – но, сега, само во периодот од две години (чл. 142, ЗРО/03 – Пречистен текст), беше заменета со уште построга формулација: „Ако работодавачот го откаже договорот за работа поради деловни причини, тој не може, на истите работи со иста стручна подготовка и занимање, да вработи друг работник – во рок од една година од денот на престанокот на работниот однос“.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Второстепениот суд не може да ја преиначи пресудата на штета на странката која се жалела, доколку само таа изјавила жалба (чл. 362, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За време на целата парница, Машаланов ги покриваше само судските такси6 и нужните трошоци, а надоместокот за адвока- тот беше исплатен дури по завршување на спорот, односно по извршената наплата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
3. Работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаите на кршење на работ- ниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со овој или друг закон, колективен договор, прави ата за л работниот ред и дисциплина и договорот за вработување, а осо- бено ако работникот: 1) неоправдано изостане од работа три пос ледователни работни дена или пет работни дена во текот на една година; 2) го злоупотреби боледувањето; 3) не се придржува кон прописите за здравствена заштита, заштита при работа, пожар, експлозија, штетно дејствување на отрови и други опасни материи и ги повредува прописите за заштита на животната средина; 4) внесува, употребува или е под дејство на алкохол и наркотични средства; 5) стори кражба или во врска со работата намерно или од крајно невнимание предизвика штета на работодавачот и 6) оддаде 106 деловна, службена или државна тајна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Парничните трошоци, кои паднаа на терет на Агенцијата кој и го изгуби спорот, беа одмерени на 18.910 МКД (310 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако работодавачот го објавува слободното работно место и во средствата за јавно информирање, рокот за пријавување започнува да тече од денот на последното објавување (чл. 23, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работникот и работодавачот можат да го откажат договорот за вработување во законскиот или договорно определениот отказен рок... (чл. 87, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тука уште би сакале да напоменеме дека, веднаш на почетокот од секое интервју – под самиот наслов (кој објаснува кои се парничните странки т.е. кој работник против кој работодавач го во- дел спорот) и под поднасловот (кадешто сосем кратко е даден предметот на спорот т.е. за што тој се водел) – се дадени латински цитати [во оригинал и во превод] на познати римски правни максими кој имаат контекст токму со конкретниот спор, а коишто поради својата вистинитост и безвременска релевантност имаат огромна вредност како „авторитативни правни стандарди“ и сѐ уште, до наши дни, во неизменета форма важат во речиси сите 14 правни системи во светот – како основни принципи или како законски регулирани фундаментални правни начела.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, правото на паричен надоместок, иако тој плаќал за тоа додека бил во работен однос (!?), не може да оствари невработено лице на кое работниот однос му престанал поради: (а) давање писмена изјава на работникот дека сака да му престане работниот однос, освен ако таквата изјава е дадена поради промена на местото на живеење на брачниот другар или склучување на брак; (б) спогодбено престанување на работниот однос; (в) остварува права од работен однос спротивно на закон; (г) престанок на работен однос по сила на закон, освен во случај на престанок на правното лице поради стечај; (д) неоправдано изостанување од работа последовно три работни дена или пет работни дена со прекин во текот на една година; (ѓ) престанокот на работниот однос со отказ од страна на работодавецот за кршење на работната дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, колективен договор и договор за работа; (е) одбивање да работи на работи на кои е распореден во согласност со закон; (ж) одбивање да биде преземан со спогодба кај друг работодавец во согласност со закон; (з) одбивање обука, преквалификација или доквалификација за друго работно место кај ист или друг работодавец, што му се обезбедува во согласност со закон; (ѕ) губење на работната способност согласно со прописите за ПИО; (и) исполнување услови за остварување право на пензија (чл. 67, ЗВОСН – неофицијален ПТ). 107
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За работниците отстранети од работа, за времето додека се отстранети од работа, работодавачот е должен да ги уплатува придонесите утврдени со посебните прописи за најниската основица за плаќање на придонесите (чл. 237, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во поглед на т.н. минимални отказни рокови ситуацијата е следна: ако работникот го откажува договорот за вработување, отказниот рок е еден месец, а со договорот за вработување или со колективниот договор може да биде договорен подолг отказен рок – меѓутоа не подолг од три месеца; Ако работодавачот го откажува договорот за вработување на поединечен работник или на помал број работници – отказниот рок е еден месец, а два месеца во случај на престанок на работен однос на повеќе од 150 работници или 5% од вкупниот број работници кај работодавачот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По оцена на работодавачот, со писмен налог на овластеното лице кај работодавачот, работникот се отстранува од кај работодавачот со надоместок во висина на платата на работникот до донесувањето на одлуката за отказ на договорот за вработување, ако: 1) работникот со своето присуство кај работодавачот го загрозува животот или здравјето на работниците или други лица или се оштетуваат средства од поголема вредност; 2) присуството на работникот кај работодавачот штетно ќе се одразува врз работењето кај работодавачот; 3) присуството на работникот оневозможува утврдување на одговорноста за повреда на работните обврски и 4) кога против работникот е покрената кривична постапка од надлежен орган за кривично дело сторено на работа или во врска со работата (чл. 83, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
9. Одредбите на овој закон [ЗРО], што се однесуваат на договорот за вработување, се применуваат и во случајот кога работодавачот го откажува договорот за вработување и на работникот истовремено му предлага склучување на нов променет договор за вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, бидејќи таа не беше спроведена доброволно – во оставениот рок од осум дена по приемот – истата подоцна е извршена присилно, преку извршител (Ж.Пријевиќ) од банкарската сметка на компанијата, што секако дека работодавачот го чинеше значително поскапо, имајќи ги 290 предвид цените за награда на извршителите согласно Извршителската тарифа.8 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со закон и колективен договор може да се утврдат и други случаи на кршење на работниот ред и дисциплина и на работните обврски за кои работодавачот го откажува договорот за вработување без отказен рок (чл. 82, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За објавување се смета, исто така, и објавувањето во просториите на службата надлежна за посредување при вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4. Ако работодавачот го откажува договорот за вработување, е должен да го наведе основот за отказот, утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот и да ја докаже основаноста на причината која го оправдува отказот (чл. 72, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)