Уште една позитивна промена е што организаторот на работата со корисникот на социјална парична помош склучува договор за вработување. (чл. 8 од ЗИДЗСЗ/мај.13) Дополнително беше регулирана можноста корисник на социјална парична помош да може да се вработи кај работодавач во приватниот сектор со субвенционирано вработување, согласно со Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. (чл. 2 од ЗИДЗСЗ/фев.14)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со измената на ЗИПРМ од јули 2010 година дојде до промена кај утврденото право на плата, кое по ново работодавачот во 2012 година може да го зголеми за 10% започнувајќи со исплатата за септември 2012 година. (чл. 1 од ЗИЗИПРМ/јули.10) Повторно регулирање на процентот во кој работодавачот може да го зголеми утврденото право на плата дојде со рогацијата од јануари 2012 година, но сега во висина од 5% започнувајќи со исплатата за декември 2012 година. (чл. 3 од ЗИЗИПРМ/јан.12)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Кај репрезентативноста, пак, на здруженијата на работодавачите ситуацијата е уште подраматична, бидејќи процентот од 33% (1/3) се сведе само на 10% (1/10) „од вкупниот број работодавачи“; додека, пак, на ниво на РМ репрезентативна стопанска комора е онаа која ги исполнува горенаведените услови, со таа разлика што е доволно во неа да се зачленети најмалку 5% (1/20) од вкупниот број работодавачи во приватниот сектор од областа на стопанството во РМ или, пак, работодавачите-членки на комората да вработуваат најмалку 5% од вкупниот број вработени во приватниот сектор во РМ (чл. 35, ЗИДЗРО/окт.09)!?
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Откако дознаваат за ова, раководните структури во НУЦК, исто како и претходно, остануваат сосем рамнодушни но, во одговорот на тужбата, тие се повикуваат на тоа дека немаат пасивна легитимација т.е. не можат да бидат тужени,8 затоа што Министерството за култура како потписник на договорот за закуп или, пак, трговското друштво С. Р. С. ДОО како последен работодавач во конкретниот случај, а не НУЦК, е всушност оној кој треба да биде тужен [т.н. приговор за res inter alios acta].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Бидејќи работодавачот во законскиот предвиден рок доброволно не постапи по донесената пресуда, задолженијата во истата беа присилно спроведени, со помош на извршител (Ж.Пријевиќ). 232 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работодавачот е должен да обезбеди ниеден работник да не биде жртва на вознемирување и/или полово вознемирување (чл. 43, ЗРО). 6. Структурата на договорот за вработување е законски регулирана, и тој особено треба да содржи: 1) податоци за договорните страни, нивното живеалиште, односно седиште; 2) датум на стапување на работа; 3) назив на работното место, односно податоци за видот на работата за којашто работникот го склучува договорот, со краток опис на работата што ќе ја врши; 4) место на вршење на работата – а ако не е наведено точното место, се смета дека работникот ја врши работата во седиштето на работодавачот; 5) време на траење на работниот однос – кога е склучен договор за определено време; 6) одредба за тоа дали се работи за работен однос со полно или пократко работно време; 7) одредба за дневно или неделно редовно работно време и распоредување на работното време; 8) одредба за висината на основната плата, која му припаѓа на работникот за вршење на работата според закон, колективен договор и договорот за вработување; 9) одредба за другите надоместоци кои му припаѓаат на работникот за вршење на работата според закон и колективен договор; 10) одредба за годишниот одмор, односно начинот за определување на годишниот одмор и 11) наведување на општите акти на работодавачот во кои се определени условите на работа на работникот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За спорот никогаш не се обрати, ниту пак побара помош од правната служба на СОНК. 64 Бидејќи неговите писма и барања упорно беа игнорирани – Митревски, во текот на месец јануари 2007, конечно покренува судски спор за враќање на работа пред надлежениот Основен суд – Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
71 9. Сите права, обврски и одговорности од договорот за вработување и работен однос преминуваат на новиот работодавач во случаите кога ќе настанат статусни измени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Додека, пак, стварната [каузална] легитимација (legitimatio ad causam) претставува материјално-правна врска помеѓу предметот на парницата и лицата кои во тужбата се означени како парнични странки, т.е. вистински правен однос на странките спрема предметот на спорот во точно одредена парница или „способност да се биде странка in concreto“ и, за разлика од процесната легитимација, таа не е процесна претпоставка туку е прашање на меритумот на спорот ([не]основаноста на тужбеното барање) и за неа судот не води грижа по службена должност, туку само по укажување на странките кои треба и да ја докажат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
ДОО како последен работодавач во конкретниот случај, а не НУЦК, е всушност оној кој треба да биде тужен [т.н. приговор за res inter alios acta].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Меѓутоа, по разгледување на списите на предметот, судскиот совет (во состав: В. Јанкуловска – претседател, Љ. Нешкоски и А. Настевска – членови), во март 2009, ја одбива жалбата како неоснована и ја потврдува пресудата на Основниот суд Битола во корист на Лозановски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работодавачот е должен да ја штити и почитува личноста и достоинството на работникот, како и да води сметка и да ја штити приватноста на работникот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)