Така, синдикална организација на ниво на работодавач стекнува својство на правно лице со денот на упис во Централниот регистар на РМ; а сојуз на синдикати, односно здружение на работодавачите на повисоко ниво, стекнува својство на правно лице со денот на упис во Централниот регистар – по претходен упис во регистарот на синдикати, односно регистарот на здруженија 30. Четири години подоцна, со четвртата измена на ЗРО (2005), се допрецизираа некои прашања поврзани со содржината на статутите на овие асоцијации (чл. 23, ЗИДЗРО/окт.09). 47 на работодавачи, кој го води МТСП (чл. 23, ЗИДЗРО/окт.09).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во судскиот процес пред Основниот суд – Скопје II, Љ. Н. беше застапуван од полномошник- адвокат3 (Д. Аргакиев), а пак за тужениот работодавач на подготвителното рочиште4 – кое, за среќа, беше и единствено, а се одржа во септември 2010 – се јави неговиот правник (Р. Николовска).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4 Битно е да се истакне дека Ф. И. претходно се обиде на мирен и вонсудски начин да го реши проблемот со работодавачот, на начин што од него побара да ѝ бидат покриени трошоците за операцијата и за понатамошното лекување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Директорот – откако дозна дека ќе биде тужен – го викна оштетениот работник, заедно со уште десетина други работници, и им одржа сочно заканувачко обраќање во кое им рече дека тие не се лојални на фабриката, но сепак, заради неговата „добродушност“, тој нема да ги избрка од работа, а нив ни случајно да не им текне преку извршител да ги бараат евентуално досудените пари што им ги должи претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работодавачот на почетокот начелно се согласи на ова, но во наредниот период не исполни ништо од ветеното.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)