Работникот е должен да го известува работодавачот за сите заканувачки опасности по животот или здравјето или за настанување на материјална штета, што ги дознал при работата и кои би можеле да настанат кај работодавачот или трети лица (чл. 33, ЗРО). 215
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Претходниот и новиот работодавач на работникот солидарно му се одговорни во обештетувањето за сите побарувања, настанати заради отказот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работникот е должен да го известува работодавачот за суштинските околности кои влијаат, односно би можеле да влијаат на исполнувањето на неговите договорни обврски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако работодавачот времено ја пренесе врз основа на правна зделка [закуп, наем] целосната или дел од дејноста на друг работодавач, преминуваат работниците по престанувањето на важноста на правната зделка назад кон првиот работодавач или кон новиот работодавач – преземач на дејноста (чл. 68, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако, пак, синдикатот и работодавачот не се спогодат, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на предлогот на работодавачот до синдикатот – за определувањето на правилата за наведениве работи, работодавачот или синдикатот можат, во рок од наредните 15 дена, да бараат за тие работи да одлучи арбитража; г) наместо поранешната одредба, која велеше дека работникот кој учествува во штрајкот ги остварува основните права од работен однос, освен правото на надомест на личниот доход (чл. 13, ЗШ/91)– сега се предвидува дека на штрајкувачите, за време на учество во штрајкот, работодавачот е должен да им уплатува само придонеси од плата, и тоа само оние утврдени со посебните прописи на најниската основица за плаќање на придонесите – т.н. „минималец“ (чл. 240, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)