Со овој закон се уредуваат посебните услови за вработување и работење на инвалидни лица (кога самостојно вршат професија или дејност, кај работодавец или има својство на работодавец), како и условите за основање и погодностите за работење на трговското друштво за вработување на инвалидни лица.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во поглед на обврските на невработените лица кои произлегуваат од нивниот статус на невработени лица, со донесувањето на ЗВОСН утврдена е дополнителната обврска, за тие да можат да се водат како невработени лица, на секои два месеци да доставуваат доказ дека се пријавувале на огласи кај работодавец или во Заводот (чл. 14, ЗВ и чл. 53, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Кај јавните и државни претпријатија, кои отпуштаа работници по овој основ, во практиката често се применуваа партиски критериуми – на големо незадоволство на отпуштените, како и на јавноста; • што се однесува до измените од 2000 година, со нив: прво, целосно се укинаа погоренаведените критериуми што требаше да се запазат кога масовно се отпуштаа работници; и, второ, се промени одредбата која пропишуваше дека тоа треба да се направи во согласност со колективните договори, со формулација дека тоа ќе се утврдува врз основа на колективните договори на ниво на работодавец или гранка (значи, веќе не со општ колективен договор) и „доколку работодавецот има потпишано таков договор“!? (чл. 6, ЗИДЗРО/00). 24.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Станува збор за релативно техничка промена, имено, за да го исполнат условот „активно барање работа“, покрај веќе пропишаното редовно пријавување во Заводот за вработување во утврдениот рок и доставувањето доказ дека се пријавувале на огласи кај работодавци или во Заводот, невработените лица добија дополнителна обврска да се пријавуваат на објавените огласи за потреба од работници кај работодавец, во средствата за јавно информирање и во Заводот за вработување (чл. 2, ЗИДЗВОСН/март.00).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)