Авторите на оваа анализа сметаат дека оваа глава би требало да содржи и упатувачка норма со која ќе се предвиди дека со колективните договори на ниво на работодавец ќе се изврши групирање на одделни работи, односно работни места и задачи и во сферата на јавниот сектор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Главата III насловена како „Класификација на работните места во јавниот сектор“ не е усогласена со Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на Република Македонија, конкретно со чл. 48 каде е уредено дека „со колективните договори на ниво на работодавец ќе се врши групирање на одделни работи, односно работни места во одредени групи на сложеност”.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во новите прекршочни одредби, за прв пат се споменува дека работодавецот ќе биде казнет со парична казна доколку: 1) обезбедувањето на мерките за безбедност и заштита на здравје при работа ги става на финансиски трошок на вработените, 2) не склучува договори со надворешни служби од областа на безбедноста при работа, 3) не им дозволува на вработените да учествуваат во дискусиите за прашањата од безбедност при работа, 4) не им ја презентира изјавата за безбедност и 5) дозволил пристап на вработени во области со сериозни и специфични опасности, а тие претходно не добиле посебни упатства.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Важна поволност за невработените лица на кои се однесуваат овие закони е тоа што се предвидува склучување на договор за вработување на неопределено време, кое е зајакнато преку одредбите кои пропишуваат дека отпуштањето на овие лица или на други работници за периодот предвиден со овие закони за работодавците ќе значи губење на поволностите кои тие ги добиваат преку овие закони.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Покрај одредени номинални промени, со неа уште е предвидено работодавецот да ја чува книгата за надзор, во која се запишуваат податоците од извршениот инспекциски надзор, во секој објект каде што ја врши својата дејност (чл. 4, ЗИДЗИТ), пропишувајќи дека за непридржувањето кон оваа обврска работодавецот ќе се казни согласно казнените т.е. прекршочните одредби предвидени со овој закон (чл. 6, ЗИДЗИТ), односно со паричната казна од 150,000 до 250,000 денари (чл. 22, ЗИТ/97). 5. Закон за изменување и дополнување на Законот за инспекцијата на трудот, Сл. весник на РМ, 29/02
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)