Вечерната програма на радиото секогаш завршуваше со инструментална верзија на „А бре Македонче“ и откако ќе ја ислушаше, кога навечер ќе си легнеше, тој продолжуваше да ја наслушнува тишината на нивното маало и знаеше дека набргу ќе заспие со љубовта на градот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)