ражен (имн.) - и (сврз.)

XVI Ручокот на Комисијата беше приреден на островцето обградено од бистрата изворска вода под жалните врби што своите гранки како зелени чипки ги спуштаа до земја; водата околу нив се прелеваше во зелени и светли тонови, по неа лебедите оставаа меки трагови доаѓајќи сосем блиску до огништето каде што се печеше прасето; калуѓерите се сменуваа вртејќи го раженот и плакнејќи ги лицата со студената вода; миризбата од вцрвенетото прасе што капеше на жарта, се ширеше наоколу дразнејќи им го желудникот на полковниците, игуменот, отец Иларион и отец Серафим кои седеа крај масата и пиеја; отец Серафим пак им наточи од најубавото вино, и додека чекаа да се испече прасето, им раскажуваше дека во турско време имало многу лозја во манастирот, а и во селата, зашто луѓето, за да се ослободат од големите даноци што власта им ги наметнувала за житните насади, тие нивјето ги засадувале само со лозја, зашто Турците не земале данок за лозјата, не собирале грозје, зашто не пиеле вино.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Зрното што го виде, мисли го како да е јагне набиено на ражен и го вртиш над жарта, а тоа полека зацрвенува, мириса, ете, до таму, до оние карпи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)