— Пуста да остане и работа, мори жени! — се плачеше Митра кога се подигаше разговор за женска работа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во една тивка квечерина, кога веќе се гледаше крајот на речникот, по напорната работа, Татко и Климент Камилски излегоа на чардакот за да го продолжат разговорот за сиџилите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Кога стана разговорот за женење, Толета го пријаде јасникот и почна да ги реди во умот сите девојчиња од селото и да нагаѓа која ли сака да му ја наметне бегот за да може после, како своја робинка, да ја прибере на кулата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- „Знам”, - одговорив кратко и ја погледнав така молбено, да не продолжува, да го остави разговорот за тоа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Мора нешто да се стори, за подобрување на состојбите. –упорно сакав да наметнам разговор за иницијативи за промени, но не ми успеваше, секој беше навлезен во својата лична приказна...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Насетуваше дека повеќе губи, отколку што мислеше дека ќе добие во разговорот за религијата и комунизмот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Една група мажи отаде купот земја беа вдадени во разговор за цената на печурките вргањ, суви по толку килото, сурови по олку, некој вели се исплаќа, некој не се исплаќа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Го затекнав киното во кое беше забрането пушење, но и водење гласен разговор за филмот и за сѐ она што се разголуваше во него.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Потоа следува цитираниот разговор за резервацијата во хотелот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ќе прелетаат тие некаде над селото, по небото кое зачадените оџаци го потпираат со високи столбови синкав чад, ќе го чуе и старо и младо, па ќе почнат оние познати разговори за некогашните зими, за случките во тие зими, а децата разгртаа двојни уши и слушаа, слушаа, сонувајќи го снегот што беше во разговорите на возрасните, во крикот на жеравите и во мирисот на студениот воздух.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тоа беше оној ден кога појдов кај него со надеж дека Лена овој пат ќе го прифати разговорот за работи за кои не можев да дознаам од друго место.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Потоа пак ги чекаа нестрпливо неделните попладниња, за да заскитаат низ полето или да одат на стадионот и да се изразвикаат, од каде се враќаа во вечерите со по една изморена топлина во градите, за сето време продолжувајќи го оној свој ниеднаш непрекинат разговор за светот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Покрај издавањето на книги, во читалната се организираа и разговори за книгите, и за разни други теми.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Најпосле, разговорот за ѓаволи, необичен и несекојдневен, ме привлекуваше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Бев вљубен во синооката Ана и љубовта ја знаев до тој ден како разговор за книгите - за Робинзоновиот Петко што избегал од човекојадците, за Гуливеровите смешни настани во земјата на Лилипутите, за детските војни во Павловата улица, за сите Вернови и Велсови фантастични чуда, за приказните од Илјада и една ноќ.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Молчешкум ги слушав не разбирајќи ги докрај тие бескрајни разговори за ликовите од албумите, кои бликнуваа во собата исполнета со чад, напати низ радосните, ведри тонови и живите раскажувачки надвикувања, понекогаш скриени во нечујните шепотливи коментари и придушениот кикот или тргнати од ненадејната гласна смеа на присутните, а потоа, другпат, лебдејќи во дневната соба, во успорените кажувања полни со паузи, со завладеани тишини и говори со стегнато грло.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
На ова и се заврши разговорот за одењето на утринска литургија во црквата Света Богородица.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Меѓутоа, кога братот доаѓа на посета кај нас со малечкиот Љупчо, ништо не му споменува околу смртта на Лена, водат долги разговори за политика и пивнуваат ракија од малечки чашки.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Тогаш седнуваше со домарот над мангалот во кујната, кршеше од домашниот леб, сркаше од манастирскиот грав, мезеше од биеното сирење на вжарената маша, отпиваше од стомната покрстено вино и водеше најприземен разговор за тоа како не се исплатува да го држиш и да го раниш магарето зиме кога нема работа во полето, како е поарно да го пуштиш без самар во снеговите на планината да го изедат волците, а напролет да си купиш младо магаре па да му го главиш стариот самар и да си вршиш работа, оти живеачката е една, а скапа, а пак треба да се преживее, да се одживее некако.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ковчегот е ставен и колата поаѓа и ние зад неа тргнуваме молчаливи на почетокот, а како што се должи патот до последното почивалиште, се погласно се слуша крцкањето на протезите, некои подзастануваат да земат подлабок здив, други се поддржуваат под рака и така почнува нов разговор за тоа што беше наша младост во времето – невремето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Но, како да почне разговор за нив?
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
И да го завршиме разговорот за давањето и помагањето со тоа што ќе се согласиме дека помагањето и давањето се убава човечка особина, што и му помага на човештвото да опстанува и да се развива, но барањето и очекувањето некој потоа да нѐ фали, да нѐ возвишува и да ни враќа, е грдо и нечовечно!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Ако го видеа расположен, зафаќаа разговор за козите или бараа нешто да им прочита за нив од татковите книги.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ќе зборуваат така, па пак ќе го свртат разговорот за војната, за грабежите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)