Експерименталната музика не беше ниту школа - во онаа смисла во која тоа беше европската авангарда во Дармштад - таа претставуваше единствена духовна атмосфера, креативна ситуација погодна за заедничка работа John Cage на различни творечки индивидуалности во која никој не беше предводник или идеен водач, иако Кејџ (најстар помеѓу нив) од самиот почеток се истакнуваше со ширината на погледот и разнообразноста на аспектите присутни во неговата работа и мислење.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Разнообразноста на фасадите, креативноста со којашто беа правени му причинуваше естетско доживување и му го будеше сеќавањето на Битола, пред да почне да биде нагрдувана, во времето кога дојде тука да заврши гимназиско образование.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во историјата на американската музика, експерименталниот стил е првиот автономен музички правец кој немаше за пример некој од идеалите на класичната или поновата западноевропска уметност, ниту пак, наспроти тоа, беше израз на етничката или националната еманципација.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Помеѓу 1933-34. ја истражуваше можноста за хроматска организација на низата од 25 тона без повторување (Шест кратки инвенции, завршниот дел од триото Соло со неизоставно следење на два гласа во канон); 1935-38. користеше фиксирани ритмични структури организирани по принципот на серијална техника; од 1935. постојано прави дела во кои ја комбинира играта, филмот, театарот, ТВ-то; 1939-56. компонираше музика (Прва конструкција во метал) во која ритмичната компонента е организирана на основата на истите пропорции на малите и големите делови; 1938-51. настанаа делата во кои е нагласена (ориенталната) експресивност (Сонати и интерлудии); од 1951. ги користи “операциите на случајот” и посебните, за нивна употреба направени табели; 1952. настануваат неговите најважни откритија, помеѓу останатото и примената на несовршеноста на хартијата при одредувањето на структурата на делото според Ји Џинг; 1954 ја воведува неодреденоста, прво во делата без однапред одредени односи помеѓу деловите (Варијации); 1958. настануваат композиции без фиксирана партитура, но одредена при самата изведба; 1967. користи компјутер за одредување на звучните и композициските параметри; 1969. ги конципира делата во кои ја укинува разликата помеѓу изведувачот и слушателот (33 1/3); од 1961., кога излезе книгата Тишина, развојот и промената на музичките искуства ги следат теориските и мислените ставови кои ги изложуваше во текстовите (претставени во Маргина).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)