И слушаш - далечината доаѓа да ја оплоди нашата моќ за разум кон нас сопствените, за разум над птиците и малите бубалки сонувалки кои безгрешни воскреснуваат катаден и катаноќ.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Тоа е крајното место, коешто е едвај видливо, далеку зад „култивираната” земја каде што логосот ја определува перспективата, и каде што се отелотворува, во еден вид апотеоза на безумието, напуштањето на логиката и на здравиот разум кон што се стреми модерната во целина.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)