На подадената рака подаде рака. Нежни усни даруваа уште понежен бакнеж на просторот меѓу зглобот и нежните прсти.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Цариград на неговата младост, напати го гледаше како голема рака подадена од европскиот кон азискиот дел, сета блесната со алемкамени, а напати како толерантно цивилизациско средиште во кое се спротивставуваа, но и се почитуваа, западната и источната култура, како и муслиманската, христијанската и хебрејската традиција.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА! СВЕТЛИНА... ЉУБОВ... РАЦЕ ПОДАДЕНИ ЗА СВЕДЕНСКО РАКУВАЊЕ! ***
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Го гледате ли, луѓе, по туѓо раце подава!
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)