БАВНО ПРИБЛИЖУВАЊЕ ДО ЖРТВАТА 29 март, 23 часот Во раката чувствуваше како ми расте машкоста, обидувајќи се со меки и бавни движења на дланката и на долгите, необично топли и нежни, негувани прсти, да одговори на тој порив во знак на радост како прв пат сега да се накрева со таква сила она по кое таа толку многу копнееше.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Дај ми собитие што говори за лоши дела, и јас веднаш, под дланката ќе сетам темни букви, гласови темни, пискотници, студени слова од кои кожата се ежи; дај ми слово божествено и богоугодно, за големи подвизи што зборува, и јас веднаш под раката чувствувам гласови светли, букви топлокрвни, оган во писмото чувствувам, како кога љубениот на саканата писмо ѝ пишува.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)