- Имате сестра? - ме прашува овојпат сериозно, како да сака да ѝ понуди брак, (а јас на овој не би му дозволил да ѝ се приближи ни на мојата кучка) наслонет на кожената фотеља, со дебели прекрстени бутини и рацете меѓу нив.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
На Србина чиниш цело време му се спие. Седеше со рацете меѓу нозете собрани со колената до стомакот, со капата над очи и мижеше.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
„Им реков на децата дека ги носам на патување.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ја зеде мојата рака меѓу своите раце.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)