Засуканите ракави ги покажуваа неговите црни раце, кои со ништо не се разликуваа од Најдовите нозе над колената, а широките гради, обраснати со црна коса, личеа на мечкини плеќи, накострешени при напад.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Симон стоеше збунет. Дали затоа што морав да го држам за лактот додека од неговиот ракав ги откачував ноктите на мачето?
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ракавите ги сечевме или ги подвиткувавме неколку пати. На помалите им се влечеа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)