Доктор Миха, пак, беше пошол на пат право од работа, без да наврати дома барем да поруча ако не да се преслече, па сега добро му дојде одлежаната ракија и тврдото јајце - ракијата го загреа, а јајцето само му го надразни желудникот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Меѓувремено одеше до ноќвите, отвораше во сирникот, во долапот, паурчето со ракијата го остави на софрето, тавчето со дрвената лажица полна само го остави на перустијата во огништето.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Битно ракијата го бендиса. И, да, природните убавини.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Дали од жал, или ракијата го тера.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Нешто меко скокотливо и пријатно му се вселува во телото и овој чуден сок - ракијата го смирува и здобрува со луѓето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)