Андонис, осумнаесетгодишно момче од тесалиските села, со главата навалена врз рамото на Јана, не разбира што зборува Циљка, сал слуша со богољубен израз на лицето.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Рамото на девојката и нејзината рака сѐ до лакотот, беа притиснати до неговата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Велко, чаша за комшијата, - му викна Владо директорот на келнерот и префрли рака преку рамото на дајреџијата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И солзите нѐ изостанаа, една врела солза видливо се лизгаше по исончаното рамо на Ивона.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Го симна ранецот од рамото на Томо малку подалеку од видокругот на другите екскурзијанти.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Синиот конец издајнички го откриваше ранетото рамо на мечето.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ина се кикотеше, се потпре на рамото на аѓутантот и се смееше; почна да се смее и аѓутантот; им пријде и сестра ѝ, Светлана, и љубопитно прашуваше што се случува; аѓутантот ѝ говореше нешто на украински, и таа се закикоте, исто така.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Имаше чувство со кое се потупнува по вратот коњот под себе, кога се тргнува на далечен пат, она чувство, со кое што му се префрла раката преку рамо на другарот кога се има да се стори нешто тешко заедно со него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
ГАВРИЛ: (Потпрен е на рамо на Михајло. Широко гестикулира со слободната рака) Мислев јас ќе бидам тој!
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Сепак, нежно и ја стави раката на рамото на Вера.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Старецот мирно го следеше. Јастребот на рамото на Еразмо не се ни помрдна.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Пред да експлодираат кокичињата Се лизнав и паднав и станав и со лопата го фрлав снегот преку рамото на улицата* тркалото шлајфуваше* во машината за перење алишта се цедеше потта од мишките на улицата и смрдеата од устата на ѓубреџиската кола чие тркало шлајфуваше во длабокиот снег* децата дојдоа со везени пиперки и со друг зарзават и со тенџере и со метла небаре ќе прават вештерка а не***
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)